Тош (always grumpy) — Апдејт за раката - не ќе да е...

Апдејт за раката - не ќе да е (само) карпален тунел ова. Пошо помина тоа острата болка ама сеа цела рака ми е ко укочена - збориме дланка, прсти, зглоб, подлактица таму нерви/мускули - све.

Се осеќа ко ептен уморно, укочено, со блага болка ко да сум вежбал теретана или ко да сум ја преоптеретил.

да да и ја се сомневам на тоа пошо имав проблем со трпнење во другата рака и нога на таа страна пред година дена и правев рендгени испитувања све најдоа дека иам шилци у рамиња/врат и комбинирај све тоа со лошо спиење гарант е тоа сеа пак.

Miss Modular

Познато ми е сето тоа ептен, ако има трпнење најверојатно е нерв. Чудни се тие болки може да те боли раката а проблемот да е во вратот. Како паталец топло препорачувам физиотерапија за побрзо поминување на болката, исто и неуровит и метафен доста ми помогнаа.Ама сепак тоа треба да каже ортопед прво

Тош (always grumpy)

Прво нешто што ме праша физиотерапевтот беше како спијам и сфатив дека спијам погрешно, сакала нејќела морав да ја менувам позата и да се навикнувам, ама тотално беше во право за тоа. Сите сме со лошо држење на вратот заради што сме по цел ден или на телефон или пред компјутер кога тогаш ќе покаже

Тош (always grumpy)

Јас спиев така на стомак со високо подигнати свиткани нозе :)) што се покажа дека е најлошата можна поза за вратоболка. Правилната поза на која што требаше да се навикнам е на страна со благо свиткани нозе :)

Nenad D

Ова е правилната поза за спиење, тоа е првиот чекор за против нек и шоулдер пеин понатаму има и други правилно седење вежбање воглавно треба промени во навиките што довеле до пеин :)

Nenad D

Similar Posts